Академија Пандев ремизираше против Работнички

Академија Пандев денес го одигра натпреварот од 16. коло од Првата македонска фудбалска лига против екипата на Работнички, натпревар кој заврши без победник (1:1).

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-3

Први во водство дојдоа домаќините, откако во 52. минута Балдовалиев ја погоди противничката мрежа за 1:0. Но, за жал Пандевци во последните моменти ги изгубија трите посакувани бодови, откако во 94. минута од натпреварот, Сержињо погоди за 1:1.

Со ова реми, Академија Пандев го задржа третото место на табелата со вкупно 25 освоени бодови, додека Работнички е петти со 20 бода.

Во следното коло, Пандевци имаат тешко гостување кај шампионот Вардар, додека Работнички гостува во Кратово кај Силекс.

Comments are closed.

Capture