Струмичка кујна – слатко од модри сливи

Оваа слатко за многумина е едно од најубавите струмички слатка. 2016-08-28_19-56-42_sДенес се поретко се прави, но сеќавањата сеуште траат кога се служело на сите големи настани. Веќе сум пишувала за преубавиот обичај, да се покани стројна девојка од угледна фамилија да служи диско со слатко…Девојката добивала преубави благослови, покрај самиот настан и домаќини…
Денес слатката ги правиме повеќе за нас самите, гости има, но сé помалку, дојде некое чудно време…

Ви го претставувам оваа преубаво слатко, направете го уште поубаво, јас ги немам нашите сливи, ниту вар, ништо не е како дома, но важен е рецептот кој сакам да го сочуваме од заборав.2016-08-28_20-12-29_s

Велат дека е едно од позамеетлиите слатка, но ако се готви со љубов, ништо не е тешко, јас велам лесно се прави…

Најважно е да имате убави, цврсти сливи, зрели, но тврди, ако сакате користете си вар, но јас го правев со сода бикарбона…

Едвај најдов трврди сливи, бирав една по една, сите се различни, но тоа е тоа…

Има поделени мислења за содата и варта, најновите се дека за оваа слатко е подобро да се прави со сода бикарбона, вие е како сака

Состојки

  • 40 модри сливи
  • 600 гр шеќер
  • 1 дл вода
  • 2 лимони
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 дл вода
  • 20 гр сода бикарбона
  • 100 гр излупени бадеми
  • мискимбре

2016-08-28_18-26-41_sПостапка

  1. Растворете ја содата во водата, измијте ги и излупете ги сливите и веднаш ставајте ги во водата, нека стојат половина час, во неа.
  2. Излупете ги бадемите, попарете ги со врела вода, веднаш се вадат лушпите.
  3. Измијте ги убаво сливите, стврднати се, извадете ги чакардеците, коските. Измерете ги, јас имав околу 1 кг.
  4. Ставете бадем внатре во секоја слива. <слика 1>
  5. Додека ги полните сливите, ставете ја водата за шербетот да зоврие, додајте го шеќерот, нека врие 15 минути. Додадете сок од лимон врз сливите.
  6. Сега додадете ги сливите во шербетот, нека се варат на тивко половина час, без мешање. Сливите пуштаат вода, шербетот може да го варите и повеќе, ако сакате погуст да ви биде.
  7. Извадете ја пената со специјалната лажица за тоа…На крај додадете кругови лимон и ванила, мискимбре, протресете го слаткото убаво. Покријте го со влажна кујнска салфета и кога ќе се олади, сипајте го во теглички.<слика 2>
 2016-08-28_18-56-39_s
Во оригналниот рецепт оди многу повеќе шеќер, но јас го намалувам, нема потреба од толку, вие како сакате…
Како и слаткото од дуњи и оваа слатко треба да остане светло, да не потемни, но многу зависи и од сливите. Миндалјто-бадемите и мискимбрето, го прават оваа слатко преубаво…Изладено од фрижидер, со чаша ладна вода, сервирано на старински начин или од нога наутро, секако е прекрасно!

Изволте!2016-08-28_22-19-13_s

Пишува: Весна Рохр -Со љубов, за вас

Comments are closed.

1