КК Струмица го победи Пелистер и ја запиша првата сезонска победа

Кошаркарите на Струмица денес го победија Пелистер во рамките на 7. коло на гостински терен и со тоа ја запишаа првата сезонска победа.

kosarka

Струмичани со новиот тренер Васко Атанасов, покажаа одлична игра и со резултат од 76:86 го победија Пелистер, и со вкупно 8 освоени бодови се наоаѓаат на деветтата позиција.

Кај гостите најефикасен беше Тајлер Дил со 35 постигнати погодоци.

Во следното коло, кое се игра на 2 декември, кошаркарите на Струмица на домашен терен ќе играат против Шкупи од Скопје, каде што се фаворити за победа, додека Пелистер гостува кај Куманово.

 

Comments are closed.