Градоначалникот Јаневски одржа работен состанок со претставници на Регионалниот центар за управување со кризи

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, се одржа работен состанок со претставниците од Регионалниот центар за управување со кризи,  раководителот Милан Русев и помладиот соработник Димитар Стојовски, а на кој присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.1 (28)

На состанокот се разговараше за  функцијата и улогата на Регионалниот центар за управување со кризи, неговата структурна поставеност, системот за управување со кризи како и унапредување на досегашната соработка.На состанокот беше презентирана и проценката на загрозеност на подрачјето на општина Струмица како и обврската за нејзино постојано ажурирање, а беше истакната и потребата од рано предупредување за навремено справување со кризните состојби и подготвување на редовни и вонредни информации за состојбите кои ќе ги добиваат граѓаните преку локалните медиуми.

Comments are closed.

Capture