Беласица денес гостува кај Осогово

Екипата на Беласица денес во натпревар од 13. коло од Втората лига Исток, гостува во Кочани кај тимот на Осогово.

Belasica - Osogovo 23.09.2017 - 2

Беласица на овој натпревар влегува како фаворит за победа, пред се поради подобрата игра и форма, која ја пружат фудбалерите на Беласица.

Струмичани се први на табелата со 29 освоени бодови, додека Осогово е на деветтото место на табелата со само 7 освоени бодови.

На гостински терен Беласица има скор од 4 победи, едно реми и еден пораз, додека Осогово дома има скор од две победи, едно реми и три порази.

Натпреварот започнува во 13 часот.

Comments are closed.

Capture