СВР Струмица поднесе кривична пријава против командир на шумската полиција во Струмица

Полициската станица Струмица поднесе кривична пријава против Т.Љ.(52) од село Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“  и „фалсификување исправа“. – пишува во дневниот билтен на СВР Струмица.policija-soobrakajka-630x32021

Пријавениот, во својство на командир на шумската полиција во Струмица, на 20-ти минатиот месец, во вечерните часови, без издадено Решение од Основниот суд Струмица за враќање на товарно возило, му го вратил возилото на лицето О.М. – заедно со товарот од 14 метри кубни огревни дрва, што на 02.10. годинава биле одземено поради утврдени неправилности согласно Законот за шуми.  - пишува во дневниот билтен на СВР Струмица.

Comments are closed.

Capture