Градоначалникот Јаневски оствари средба со премиерот Заев

По 12 години градоначалник на општина Струмица, на која што и го трасираше европскиот пат и ја направи најпосакувано место за живеење во Македонија, Зоран Заев, денеска, како Претседател на Владата на Република Македонија, беше во прва посета на општина Струмица. На средбата со градоначалникот Коста Јаневски, разговараа за практицирањето на локалната власт во првиот месец по изборот на Јаневски. 23551272_1462507030469389_6358591812703783834_o
Премиерот Заев се интересираше како функционира Општината, општинската администрација, претпријатијата и институциите кои што се во надлежност на локалната самоуправа и несебично го пренесуваше своето 12-годишно градоначалничко искуство.
Градоначалникот Јаневски потенцираше дека е чест и задоволство да се води општина Струмица, која има цврсто поставени темели кои и овозможуваат прогресивен развој и гарантираат квалитетен живот на нејзините граѓани. Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го изразија своето задоволство од досегашната соработка меѓу централната и локалната власт, нагласувајќи дека таа уште повеќе се интензивира, затоа што заедничка цел им е обезбедување квалитетен живот за сите граѓани кои иднината со своите деца ќе ја градат тука, во Струмица и Македонија.23559960_1462507213802704_8765454724153145780_n

Comments are closed.

Capture