Академија Пандев го победи Пелистер во Битола

Академија Пандев во рамките на 15. коо од Првата македонска фудбалска лига го совлада битолски Пелистер со резултат од 3:4, со што пандевци ја прекинаа низата од два оследователни порази.

на „Тумбе Кафе“ први во водство дојдоа домаќините, откако Трифуновски во 6. минута ја погоди мрежата на Академијата. Гостите со добра игра дојдоа до комплетен пресврт, откако во 18. минута Вареловски израмни на 1:1, додека Валдовалиев погоди за 1:2, со што тоа беше конечниот резултат во првите 45. минути.

akademija-pandev-pelister-696x464

Во вториот дел од натпреварот, голеадата продолжи. Балдовалив во 47. минута стрелаше за 1:3. Пет минути подоцна Стоилов ја погоди мрежата на Пелистер за 1:4.

Домаќините не застаа и сериозно се заканија, откако Попзлатанов во 56. минута намали на 2:4, а по реализираниот пенал на Ковачев, Пелистер намали на 3:4, со што воедно тоа беше и конечниот резултат на овој дуел.

Првиот меѓусебен дуел во Струмица заврши со 2:0 за Академијата.

Со новите три бода Академија Пандев се искачи на треттото место на табелата со 24 бода, додека Пелистер е седми со 15 бодови.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен силите ќе ги одмери со петтото пласираниот Работнички.

Comments are closed.

Capture