Стара струмичка кујна – Сарма од штавељ или блитва

Потешко се прави сармата од таквата блитва, ако е во врела вода, останува пластична, ако зоврие, отиде. Затоа треба да се внимава.
Сармата од штавељ ја има неколку вида, а се прави и само посна, со ориз.
Значи со мелено месо и ориз, потоа полиена сарма, со јајца и кисело млеко и само со кисело млеко…

2017-03-27_17-27-40_s-1024x768Состав

  • листови штавељ или блитва
  • 500 гр. мелено, мешано месо
  • ориз
  • млад кромид
  • морков
  • сол, сув зачин, црвен пипер, црн бибер, сушено нане (оригано)
  • зејтин2017-03-27_17-27-49_s-768x1024

Постапка

  1. Ако сакате убав ориз во сармата, зрното да ви биде цело и да се брои, пржете го прво оризот, но подолго време. Мајка ми не го пржи долго, но сепак и се брои зрното…
    Кај мене зависи од оризот, ако си имам кочански, немам проблем, ако не…
  2. Додадете го морковот ситно исецкан, месото, пржете…
    На крај кромитчето. Oбратно e сé, нели? Е па може и така, ништо нема да е згрешено!
    Оризот ќе ви биде цело зрно, кромидот свеж, не се плашете да промените редослед, може да биде и корисно во оваа фаза.
  3. На крај зачините, посебно повеќе сушено нане.
    Имам на тераса и редовно си сушам.
  4. Исечете го тврдиот дел од штавељот, а ако е блитва, обработете ги листовите, јас ги сечам дршките и листовите на пола.
  5. Ставете ги во тава со врела вода на рингла, и бидете тука, нека почне да врие, па исклучете и тргнете од рингла. По некое време, вратете на рингла, проценете сами дали се омекнати.
    Ако се преварат, ќе се кинат, затоа внимавајте.
  6. Се витка како и секоја сарма. Листовите ги сечам, а погледнете во сликите за виткање.
  7. Се реди во тавче, се залива со врела вода и зејтин.
  8. Се пече колку оризот да е готов, не треба да се исуши наполно, треба да си остане сочно.

Се сервира топла со кисело млеко.2017-04-01_14-18-48_s-768x1024 2017-04-01_14-17-35_s-1024x768

Пишува: Весна Рохр

Comments are closed.

popup11