Даскаловски: Општина Струмица секогаш е на страната на најмладата популација и се грижи за нејзиното здравје

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, денеска, го отвори 18-то издание на „Отворените забавни фудбалски школи“ во спортската сала на средното училиште „Димитар Влахов“. Тој во своето обраќање потенцираше дека општина Струмица 11 години ги финансира овие школи од буџетот, потврдувајќи ја својата грижа за најмладата популација и нејзиното здравје.23559717_1460738137312945_5457609944729735338_n

-Вие, 60-те момчиња и девојчиња, членови на Фудбалските клубови „Академија Пандев“, „Беласица“ и „Мак Струмица“ и на Женскиот фудбалски клуб „Тиверија“, денес имате извонредна можност, преку забава да ги разоткривате убавините на „најважната споредна работа на светот“ – фудбалот. Разликите во полот, возраста и претходното фудбалско знаење, нема да ви претставуваат пречка, убаво да се дружите преку разни игри кои се поврзани со фудбалот. Другарувањето, стекнувањето нови пријателства, јакнењето на здравиот спортски дух и запознавањето со фудбалската игра, се најважните бенефити кои ги носи овој проект. Цели 11 години по ред, „Отворените забавни фудбалски школи“ се финансирани од Буџетот на Општина Струмица, со што покажуваме дека сме секогаш на страната на најмладата популација, грижејќи се за здравјето на децата и за популаризација на фудбалот. Наскоро не очекуваат уште три вакви настани, од кои еден до крајот на годинава и уште два напролет, на кои учество ќе земат ученици од основните училишта од нашата општина. Како Претседател на Советот, а пред се како поранешен фудбалер, сакам да ви честитам за вистинскиот избор на спортот со кој се занимавате и да ви посакам успех во следењето на вашиот сон. Уживајте во денот, другарувањето и фудбалската игра, рече Даскаловски.23517402_1460738143979611_3064607557676645971_n 23518867_1460738267312932_8627133563139321868_n 23519087_1460738270646265_6399868030840195532_n 23561362_1460738140646278_5009050979907999934_n 23621595_1460738263979599_7459652931534587466_n

Comments are closed.

Capture