Преглед на 9. коло од Трета лига Југоисток: Тиверија и А. Кукла со порази, Василево и Напредок Р. со победи

Во неделата се одигра 9. коло од Третата лига Југоисток, каде беа одигра вкупно 4 натпревари.

Првиот натпревар беше помеѓу Тиверија и Детонит Јуниор. Во овој натпревар гостите од Радовиш ја остварија својата осма сезонска победа со резултат од 0:2.

Напредок од Радово беше домаќин на Академија Кукла, а овој натпревар заврши со резултат од 2:1 за домаќините.

FK Vasilevo 3

Партизани Баш на домашен терен ремизираше со Младост Удово играјќи 3:3, а со тоа го освои првиот сезонски бод.

Спартани во ова коло беше слободен.

Детонит до максимални 24 бода е лидер на табелата, додека Василево со 18 бода е на второто место, трет е Напредок од Радово со 15 бодови.

Распоредот на средниот дел од табелата е следен: Тиверија е четврта со 13 бода, Академија Кукла со еден бод помалку е петта, додека дојранско Езеро со 9 бода е на шесттото место.

Спартани со 7 бода се наоѓаат на седмата позиција, исто толку бодови има и осмопласираниот Младост од Удово, додека на дното од табелата со само еден освоен бод е Партизна Баш.

Comments are closed.

  vtoro122