Преглед на 14. коло ПМФЛ: Академија Пандев со минимален пораз

На 5 октомври се одигра 14. коло од Првата македонска фудбалска лига, каде Академија Пандев на домашен терен ја пречека Победа од Прилеп.

За Пандевци ова беше четври сезонски пораз, додека прв пораз на домашен терен од прилепска Победа, со минимален резултат од 0:1.

По поразот Академија Пандев се сели на четвртото место на табелата со 21 бод, но има еден натпревар помалку, при што доколку победи повторно има можност да се врати на втората позиција.

Akademija Pandev - Ljubanci Kavadarci

Пелистер беше домаќин на Ренова и со 2:1 ја оствари својата четврта сезонска победа, Шкендија со 2:1 на домаќен терен го победи Работнички, Шкупи дома загуби минимално со 0:1 од Силекс, додека шампионот Вардар го декласираше ФК Скопје со 3:0.

Шкендија е лидер на табелата со 34 бода, шампионот Вардар е втор со 11 бода помалку, Силекс со 22 бода е на третата позиција, додека Академија Пандев со 21 бод е на четвртата позиција.

На долниот дел од табелата Скопје е последен со 9 бода, Шкупи со 15 бода е девети, исто толку бодови има и Победа која е осма, како и Пелистер од Битола кој е седми.

Работнички е шести со 16, додека Ренова е петта со 17 бода.

Следното коло се игра во четврток.

 

Comments are closed.

popup11