Преглед на 12. коло од Втората лига: Беласица со нова победа

Фудбалерите на Беласица во саботата го одиграа својот лигашки натпревар од 12. коло од Втората лига Исток.

Екипата на Беласица гостуваше во Македонска Каменица, каде што со резултат од 0:5 го декласираше тимот на Саса.

За фудбалерите на Беласица оваа беше деветта сезонска победа, додека за фудбалерите на Саса, седми сезонски пораз.

Belasica - Plachkovica 11. kolo Vtora liga Istok - 04.11.2017

Највозбудлив беше дуелот помеѓу Брегалница и Борец од Велес, натпревар кои се одигра во Штип, каде домаќините го загубија дуелот со резултат од 1:2.

По 12. одиграни натпревари екипата на Беласица е на лидерската позиција со 29 бодови, додека Борец по добиениот дуел сега се искачи на второто место со 23 бода, додека штипска Брегалница со бод помалку сега е трета на табелата.

На долниот дел од табелата е отпишаниот Турново на 10-тото место, деветтата позиција му припаѓа на Осогово кој има само 7 освоени бодови, делба на седмата позиција има помеѓу Саса со 11 бодови која е осма и Победа од Валандово со исто така 11 бодови која е седма.

Следното коло се игра во сабота.

Comments are closed.

popup11