СВР – Струмица поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Ново Село

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица, поднесе кривична пријава против  Б.В (53) од Ново Село, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил  две кривични  дела – “послужување во службата“ и “посебни случаи на фалсификување исправи“ од КЗ на РМ.- пишува во соопштението од СВР – Струмица.

 otvoren-megjuopshtinski-centar-za-socijalni-raboti-vo-novo-selo-252533

Имено, на 19-ти минатиот месец, по пријва од страна на градоначалникот на општина Ново Село, за неовластено користење на службено моторно возило сопственост на општината, од страна на претходниот градоначалник на општина Ново Село. Пријавениот на  18.10.2017 година, неоваластено се послужил со моторното возило сопственост на општина Ново Село,  возило кое како претходен градоначалник му било доверено на користење за службени потреби. Б.В иако занел дека му прекинал мандатот како градоначалник на општина Ново Село, истиот ден кога му е врачено Уверение на новиот градоначалник на општина Ново Село, одбил да изврши примопредавање на моторното возило  сопственост на општина Ново Село, притоа  изготвувајќи си налог за патување со службено возило. Без оглед што немал повеќе овластување како градоначалник  со возилото, заедно со неговата сопруга на 19.11.2017 година заминал за Скопје за свои приватни потреби.

Од страна на СВР Струмица превеземни се мерки  за утврдување на наводите во пријавата по што од  страна на полициски службеници  пред влезот во Струмица, кај банзинската пумпа „Лукоил“, било запрено ПМВ сопственост на општина Ново Село, управувано од страна на пријавениот  а како совозач била затекната неговата сопруга, која со нејзиниот  мобилен телефон неовластено снимала и покрај укажувањата од страна на полициските службеници дејствието  веднаш да го прекрати.

При извршената контрола над возилото било констатирано дека пријавениот, го управувал возилото и за истото самиот си изготвил Налог за користење на ПМВ, сопственост на општина Ново Село  за деловни потреби, без број од 18.10.2017 година, во кој  било наведено дека на ден 18.10.2017 година патува на релација од Ново Село до Скопје за службени потреби.

Од страна на полициски службеници по наредба на ОЈО- Струмица, возилото – сопственост на општина Ново Село, и мобилниот телефон од совозачот со потврда за привремено одземени предмети  се одземени  и  фотографирани.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица. - пишува во соопштението од СВР – Струмица.

Comments are closed.

  vtoro122