Напредок Радово со победа над Академија Кукла

Екипата на Напредок од Радово ја оствари својата петта сезонска победа, откако на домашен терен го победи тимот на Академија Кукла, во натпревар од 9. коло од Третата лига Југоисток.

14568074_972039576256680_3247492299439352299_n

За Напредок Радово овие три бода беа значајни, бидејќи направија скок од две места на табелата, па така сега од петтото место, екипата од Радово е на третото место со 15 бодови, додека гостите од село Куклиш сега се на петтата позиција, со 12 бодови.

Во следното коло Академија Кукла гостува кај Тиверија, додека Напредок Радово е домаќин на Спартани.

Comments are closed.

popup11