Беласица ја прегази Саса

Беласица со убедлива победа од 0:5 ја победија Саса на гостувањето во Македонска Каменица, во натпревар од 12. коло од Втората лига Исток.

Belasica - Osogovo 23.09.2017

За Беласица ова е деветта сезонска победа, додека за Саса ова е седми сезонски пораз.

Струмичкиот клуб сега има предност од 4 бода на лидерската позиција во однос на второпласирана Брегалница, додека Саса и понатаму останува на осмата позиција со 11 освоени бодови.

Во следното коло Беласица гостува во Кочани кај Осогово, каде е апсолутен фаворит за победа, додека Саса ќе има тешко гостување кај штипска Брегалница.

 

Comments are closed.

  vtoro122