Тиверија домаќин на Детонит Јуниор

Екипата на Тиверија во недела ќе биде домаќин на екипата на Детонит Јуниор од Радовиш, во натпревар од 9. коло од Третата лига Југоисток.

Тиверија во овие девет одиграни кола има остварено четири победи, едно реми и два порази, со што вкупно има 13 бода и се наоѓа на третата позиција на табелата, додека клубот од Радовиш има седум победи и вкупно 21 освоен бод и се наоѓа на првата позиција.

FK_Tiverija.svg

Фудбалерите на Тиверија имаат постигнато 24, а примено 14 погодоци, додека фудбалерите на Детонит има постигнато дури 42 погодоци, што ги прави најефикасни, додека имаат примано само 4 погодоци, со што ја имаат дефинитивно најдобрата одбра во досегашниот тек од сезоната.

Во овој натпревар гостите од Радовиш влегуваат како апсолутни фавороти за победа.

Натпреварот се игра со почеток од 12:00 часот.

Comments are closed.

Capture