Ограбена црквата „Св. Ѓоргија“ во Сушица

Непознат сторител украл 40.000 денари од црквата „Св. Ѓоргија“ во Сушица, Струмица.

полицијаСпоред информациите на МВР, вчера во 9 часот Б.Д. (67) пријавил во полиција дека непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Ѓоргија“ во село Сушица.

Сторителот ја отворил вратата од помошната просторија за продажба на свеќи од каде што одзел околу 40.000 денари во разни апоени по што избегал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Comments are closed.

popup11