Напредок Радово против Академија Кукла

Екипата на Напредок Радово во недела ќе биде домаќин на Академија Кукла во натпревар од 9. коло од Третата лига Југоисток.

Напредок Радово во досегашниот тек од сезоната има забележано четири победи и три порази, при што фудбалерите на овој клуб постигнале 14, а примиле 17 погодоци, и со вкупни 12 бода се наоѓаат на петтата позиција.

14568074_972039576256680_3247492299439352299_n

Од друга страна Академија Кукла која исто така има забележано 4 победи и три порази, има постигнато 14 погодоци, а примено, 12, со 12 бода се наоѓа на четвртата позиција.

Овој натпревар е важен и за двете екипи, бидејќи со победа и нови три бода имаат можност да се искачат до третото, односно второто место.

Натпреварот започнува со почеток од 12 часот.

Comments are closed.

  vtoro122