Во недела Василево против Дојранско Езеро

Во недела во натпревар од 9. коло од Третата лига Југоисток Василево ќе биде домаќин на Дојранско Езеро.

Во досегашниот тек од сезоната Василево е на второто место на табелата со 15 освоени бодови, додека Дојранско езеро со 9 бода се наоѓа на шесттото место на табелата.

FK Vasilevo 4

Во овој натпревар Василево влегува како фаворит за победа, пред се поради подобрата форма, но и поради тоа што игра на домашен терен и пред своја публика.

Фудбалерите на Василево во овие девет кола имаат постигнато 23 погодоци, а примено 15, додека фудбалерите на Дојранско Езеро имаат постигнато 17 погодоци, а примено 14.

Натпреварот се игра со почеток од 12 часот.

Comments are closed.

  vtoro122