Беласица гостува кај Саса

Екипата на Беласица утре игра на гостински терен во Македонска Каменица, кај тимот на Саса во натпревар од 12. коло од Втората лига Исток.

Фудбалерите на Беласица во овој натпревар влегуваат како фаворити за нова победа. Во досегашниот тек од сезоната струмичкиот клуб има осум победи, две ремиа и еден пораз, и со вкупни 26 бода е на првата позиција на табелата.

 Belasica - Osogovo 23.09.2017 - 2

Од друга страна, Саса во досегашниот тек од сезоната има три победи, две ремиа и дури шест порази и со вкупно 11 бода е на осмата позиција на табелата.

Домаќините од овој натпревар на домашен терен имаат две победи и три порази, при што постигнале седум погодоци, а примиле 10.

Беласица на гостински терен има, три победи, едно реми и еден пораз, при што постигнале девет погодици, а примиле три.

Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица.

 

Comments are closed.

Capture