Јаневски: Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните

По повод Светскиот ден на науката, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, ја отвори изложбата на наградени проекти на младите истражувачи и иноватори од основните и средните училишта во Република Македонија. Изложбата беше отворена во просториите на средното општинско училиште „Јане Сандански“, а присуствуваа претставници од Народна техника на Македонија и од Министерството за образование и наука. 
23319479_1455132181206874_6482807460449603266_nВо своето обраќање, градоначалникот Јаневски потенцираше дека општина Струмица ги препознава важноста и улогата на образованието и затоа тие имаат значајно место во развојните процеси на Општината.

-Во оваа прилика дозволете ми да ја цитирам визијата определена во донесената Стратегија за образование на општина Струмица: „Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните“. Во овој контекст општина Струмица се грижи за унапредување на развојот на знаењaта, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно-образовниот процес и превзема иницијативи за поттикнување на креативноста на учениците, доусовршување и развивање на способностите на учениците низ воннаставни форми. Унапредување на просторните и материјалните услови за воннаставни активности, зајакнување на капацитетите на учениците за лична одговорност и критичко мислење и јакнење на свеста кај учениците за општествените вредносни норми и за општествената одговорност. Денешниот настан на презентирање на најдобрите трудови од областа на науката и техниката на младите истражувачи и иноватори од Македонија е можност да се запознаеме со истражувачкиот дух на тие ученици и нивните ментори и да овозможиме што поголем број на ученици и наставници да се вклучат во овие процеси во наредниот период. Средните и основните општински училишта од општина Струмица, вклучувајќи го овде и приватното средно училиште „Јахја Кемал“, овозможуваат сите заинтересирани ученици да бидат вклучени во воннаставните активности. Во оваа прилика ја поздравувам иницијативата на Народна Техника на Македонија, Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија и Народна Техника од Струмица, што овозможија пошироката јавност и од општина Струмица да ја види оваа изложба и со присуство на ученици од училиштата од општина Струмица, достојно да го одбележи Светскиот ден на науката, рече Јаневски.23316529_1455132184540207_4119904794865338937_n

Почитувајќи го трудот на младите истражувачи и иноватори, градоначалникот Јаневски ги посети сите учесници на изложбата, разговараше за нивните трудови и ги поттикнуваше да продолжат со својата истражувачка и иноваторска дејност.23316371_1455132157873543_9402750516928494_n 23316607_1455132807873478_474057477380587252_n 23376496_1455132501206842_6402467208834659856_n 23379897_1455132514540174_2995290010337694214_n

Comments are closed.

Capture