ОТВОРЕНИ СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА СТРУМИНА ТРЕИЛ 2017

Овој месец на 19 ноември во Штип ќе се одржи четвртото издание на трката во планинско трчање Струмина Треил. Пријавите се веќе отворени. karas-66695 (1)

Струмина Треил претставува трка во планинско трчање со должина од 18 километри и висинско искачување од 750 метри. Трката стартува и финишира во градот Штип, а минува низ повеќе ридови и долини во околината, посетува едно село – Липов дол и минува низ повеќе чешми (Струмина, Љупчова и чешмата Куртбунар) кои биле и се уште се од големо значење за градот и локалното население.

Оваа година Струмина ќе го има своето четврто издание, а регистрациите се веќе отвореникаде има околу 80 пријавени тркачи. Стартот е на 19.11.2017 во 10 часот од медицинското училиште „Јане Сандански”.

Трката е навистина погодна за сите оние кои би сакале да се запознаат и да започнат со планинското трчање, но и доста предизвикувачка за оние кои сакаат да се натпреваруваат. Минува низ доста питом ридест терен и интересни долови и патеки.

Тимот на TREX и ПСД Макпетрол активно работи на промовирање на планинското трчање и планинарење, a трката Струмина Треил во Штип е дел од програмата на организацискиот тим на овие клубови.

Повеќе за трката прочитајте тука.

 

Comments are closed.

popup11