Градоначалникот Јаневски одржа средби со жителите на Добрејци и Просениково

Нови предлози и идеи за подобрување на условите за живот во наредната 2018 година даваа синоќа жителите на населените места Добрејци и Просениково на средбата со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и неговиот тим.1 Оваа средба беше дел од планираните средби со граѓаните од урбаните и месните заедници, а со кои им се дава можност на граѓаните директно да се вклучат во креирањето на буџетот на општина Струмица за 2018 година. Овие средби значат и потврда на предизборните ветувања на градоначалникот Јаневски за транспарентно и отчетно работење и строго наменско трошење на буџетските пари.

Собирите со граѓаните ќе продолжат утре во населените места Рич со почеток во 18 часот и Попчево со почеток во 20 часот во просториите на училиштата.2 3

Comments are closed.

Capture