Академија Пандев против Тетекс во Купот на Македонија

Екипата на Академија Пандев денес ќе го одигра четвртфиналниот дуел против Тетекс од фудбалскиот Куп на Македонија, денес со почеток од 13:00 часот.

Натпреварот ќе се игра на игралиштето на АМС „Спортски центар“.

Овие две екипи во официјалните натпреварувања имаат одиграно 3 натпревари, и тоа сите во рамките на Втората лига, претходната сезона.

kupnamk-696x404-696x404

Во сите три натпревари Академија Пандев имаше победи, од кои на двата имаше убедлива доминација. Првиот натпревар одигра на 10 септември минатата година, Пандевци со 5:1 го декласираа Тетекс, во вториот одигран на 26 октомври, Тетекс на домашен терен беше прегазен со 0:3. Третиот натпревар помеѓу овие две екипи се одиграа на 29 април ова година, каде Пандевци на домашен терен со 3:2 го победија клубот од Тетово.

Пандевци влегуваат како благи фаворити за победа.

На Градскиот стадион ќе се одигра дуелот Ренова и Скопје, во Битола ќе се одигра пелагониското дерби помеѓу Пелистер и Победа, додека тетовска Шкендија ќе го чека исходот од дуелот помеѓу шампионот Вардар и Шкупи. Овој дуел ќе се одигра на 29 ноември, додека реваншот е закажан за 17 декември.

Comments are closed.

Capture