Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 12

 

aco gorgiev

Ацо Ѓоргиев

 

Конечно сфативме зошто во Македонија немаме иднина.

Затоа што историјата ни се повторува.

***

 

 

 

Најмалку се лојални на државата оние коишто во неа живеат како бубрег во лој.

***

 

Во Македонија животот не е шега.

Гротеска е

***

 

Се знае колку е цената на слободата во Македонија.

Еднаква е на трошокот на земање на бугарски пасоши.

***

 

Се залагавме за еквидистанца

Сега ни го „спуштаат’’ подеднакво.

***

 

Ќе се протнеме некако во Европа

Или зи иглени уши, или за уши.

***

 

Нашето семејно стебло е винова лоза.

Алкохолот ни’ е во крвта.

***

 

Комуналците заминаа на принуден одмор.

Нема отпад, народот е сведен на леб и сол.

***

 

Наместо леб и игри, на народот му дадоа лук и вода.

***

 

Извинете господа, не можеме да ги браниме вашите бои.

Премногу сте разнобојни.

 

Comments are closed.

popup11