Сарма од пресна зелка – Струмичка кујна

Оваа сарма е со дојранско потекло, ја прават сите што го имаат истото потекло во Струмица…За многу Струмичани денес, гледам е непозната, посебно сосот, па да ја сочуваме и неа од заборавот.zelak1

Состојки:

  • 500 гр мелено мешано месо
  • 150 гр ориз
  • кромид/праз
  • морков
  • зејтин
  • сол, црвен пипер,црн пипер, сушен зачин…
  • зелка
  • лимонzelka

За сос

  • јајце
  • лимон

Постапка

  1. Издлабете ја зелката во коренот, измијте ја, ставете сол и лимон во вдлабнатината.
  2. Ставете ја зелката во длабок сад да се подвари.
  3. Испржете кромид или праз, поубаво е со праз…
  4. Додадете го морковот, па месото, нека се испржи убаво, потоа додадете измиен ориз, испржете го и него убаво…
  5. Додадете зачини, можете и јајце, но не мора.
  6. Сега извадете ги листовите за сарма, сочувајте за најодозгора, другото исецкајте го и ставете го на дното од тенџерето каде ќе ја редите сармата.
  7. Виткајте сарми и редете ги во круг. Најважно е секоја сарма да ја затворите прво од страните, а потоа да ја виткате.
  8. Зовријте ја водата од зелката додадете сол, лимон и црвен пипер, зејтин и сипајте ја врз сармите. Покријте ја сармата со листови зелка, ставете една чинија наопаку и плус капак.Така нема да се растури. Нека се вари на тивко околу 45 минути до 1 час.
  9. Направете го сосот со водата од сармата како што веќе е објаснето во некои рецепти, Тиквички и сарма од лоза…zelka2

Се сервира со сосот ич кој е киселкаст, а сармата има освежителен вкус. Можете да ја замрзнете неварена и потоа сварена е иста како пресна. Велат колку повеќе стои, поубава е и вистина е така.

Брзо се прави, многу е здрава, а превкусна! Пробајте!

пишува:  Весна Рохр - Со љубов, за вас / https://www.facebook.com/mojataIva85/

www.vesnarohrrecepti.com

Comments are closed.

  vtoro122