Нервозни сте? Уморни? Погледнете како да си ја повратите изгубената енергија

Брзото темпо на живеење, напорната работа и големиот стрес ни ја црпат енергијата. Се чувствуваме уморни преку целиот ден. Најчесто тогаш посегнуваме по кафе, енергетски пијалоци, слати со цел да го поправиме нашето расположение. Голема грешка! Конзумирањето на овие продукти наместо да ни обезбедат енергија и подобро расположение, тие само ја зголемуваат тежината и не` прават нервозни. Погледнете каква исхрана да практикувате кога се чувствувате изморени и нервозни:

vitamin-c

Витамин Ц

Конзумирањето на поголема количина на витаминот Ц има важна улога во намалување на хормонот кортизол кој е уште познат како хормон на стресот кој претставува најголема причина за развивање на голем број болести. Витаминот Ц може да се најде голем број различни овошја и зеленчук како што се: лимон, портокал, киви, јагоди, црвена пиперка, домати, грашок, карфиол и брокула.

th

Железо

Железото е еден од најважните и неопходните микронутриенти потребни за производство на хемоглобинот. Кога нивото на железо во нашиот организам е многу ниско, црвените крвни клетки не можат да носат доволно кислород до клетките што резултира со севкупен замор на организмот. Железото може да се најде во следниве производи: црвено месо, јајца, темно лиснат зеленчук, бадеми, бразилски орев, семки од тиква.

Магнезиум

Магнезиумот го содржи главниот молекул за произвдоство на енергија во телото. Покрај ова магнезиумот делува како антиоксиданс и има анти воспалителни својства. Храна богата со магнезуим може да најдете во следниве производи: портокал, авокадо, киви, манго, грејпфрут, семиња, јаткасти плодови, брокула и мешункасти плодови.

b12

Витамин Б12

Витаминот Б12 е потребен за производство на црвените крвни клетки, за  одржување на правилен метаболизам на мастите и јаглехидратите, за правилна протеинска синтеза и одржување на здрав нервен систем. Недостаток на овој витамин може да придонесе за појава на мегалобластна анемија и попречување на работата на нервниот систем. Месото, јајцата, млекото заедно со млечните производи и рибата содржат одлична количина од овој витамин.

Vitamin-b9-natural-sources

Витамин Б9 (Фолна киселина)

Витаминот Б9 познат како фолна киселина е потребен во производството на црвените крвни зрнца, производството на ДНК и протеинската синтеза. Сите овие процеси се важни и неопходни за нормално функционирање на организмот и за одржување на правилно ниво на енергија. Овој витамин може да се најде во непреработениот зеленчук како: спанаќот, гравот, брокулата, магдоносот и аспарагусот.

Цинк

Цинкот претставува основен минерал кој го подобрува имунолошкиот систем, овозможува правилен баланс на хормоните во организмот, има важна улога во протеинската синтеза и го регулира нивото на шеќер во крвта. Храната која содржи цинк и витамин Б се одлични за зголемување на енергијата и подобрување на расположението. Следниве производи содржат одлична количин на цинк: печурки, грав, какао, црно чоколадо, јаткасти плодови, семки од тиква, спанаќ и морски плодови.

Vitamin c

 

 

Comments are closed.

popup11