Градоначалникот Јаневски на средби со граѓаните во Баница, Вељуса и Водоча

Во рамките на подготовките за буџетот за наредната 2018 година, а почитувајќи ги потребите на граѓаните на општина Струмица, градоначалникот Јаневски ги продолжи средбите со граѓаните од населените места. Со својот тим, синоќа одржа средби со граѓаните од населените места Баница, Вељуса и Водоча. На средбите се разговараше за актуелните проблеми и се даваа предлози за програмите на општина Струмица за буџетската 2018 година.

4 (2)Собирите со граѓаните продолжуваат и вечерва. Во населеното место Добрејци, собирот ќе започне во 18 часот, а во 20 часот собирот во населеното место Просениково и двата ќе се одржат во просториите на училиштето.3 (1)

Comments are closed.

1