Академија Пандев поразена минимално од Победа на домашен терен

Екипата на Академија Пандев минимално со 0:1 беше поразена на „Младост“ од прилепска Победа во рамките на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

За Пандевци ова е прв пораз на домашен терен, откако претходно имаа 5 победи и беа непобедливи на домашен терен.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Академија Пандев со натпревар помалку и со вкупно 21 бод се наоѓа на четвртото место на табелата, додека Победа сега се наоѓа на осмата позиција со вкупно 15 освоени бодови.

Во следното 15. коло Академија Пандев е гостин на Пелистер, клуб кој што е пласиран на седмата позиција на табелата со 15 освоени бодови, додека Победа е исто така гостин на Работнички, кој што е пласиран на шесттата позиција со 16 освоени бодови.

Лидер на табелата е Шкендија со 34 бодови, додека на последното место е ФК Скопје со само 9 освоени бодови.

Comments are closed.

popup11