Струмички рецепти – Задушен ориз

Рецептот е многу едноставе и старно сепак си бара искуство, да не се превари оризот, но и да не остане жив.

ZADUSEN ORIZ240451_363217497092962_1520544744_o

Најпрво се пржи кромидот, па се додава оризот, се вари 12 минути, се поклопува и се тргнува на страна.

И тоа е целата приказна за најубавиот ориз.

Но со тек на времето, почнав да додаваам морков, пиперка и магданос, а го комбинирам и со спанаќ,со тиквичка и слично, убав е секако…

Ставам и кора од лимон, прекрасен вкус добива.

Основниот рецепт е од Качето, огромна благодарност.

Еве една летна варијанта со тиквички.

Состојки:

250 гр ориз 1 морков 1 црвена пиперка 1 тиквичка 2 лажици магданос по потреба зејтин 3 према 1 вода, 1доза ориз, 3 вода по потреба сол по потреба бел бибер 1 лажиче сушен зеленчук 1кора лимон

1.Најпрво подгответе ги морковот,пиперката и тиквичката на мали коцкички.

Морковот и пиперката, пропржете ги на зејтинот. Додадете го оризот, убаво измиен, кратко пропржете.

Потоа додадете ги тиквичките. По краткото пржење, додадете ги сувите зачини.

2016-06-27_12-04-47_s

2.Сега додадете врела вода, 3 према еден, за овој вид ориз. Треба да врие на средна температура, 12 минути. Во последните минути, додајте го магданосот и убаво измиена кора од лимон, додека оризот сеуште има вода. Силно протресете ја тавата, немојте да мешате!

2222

3.По 12 минути, тргнете ја на страна и покријте ја со капак тавата, односно тенџерето во кое сте готвеле.

Оризот треба да е алденте.

Чекајте најмалку 20 минути до половина час, оризот да си ја земе водата.

За ова жешко време, одличен освежителен ручек, а може да биде и како салата или прилог, како сакате.
На здравје!333 444

Пишува: Весна Рохр -Со љубов, за вас

Comments are closed.

popup11