Беласица ја декласираше Плачковица

Екипата на Беласица со висок резултат од 6:0 на „Младост“ ја декласираше Плачковица, во натпревар од 11. коло од Втората лига Исток.

Belasica - Plachkovica 11. kolo Vtora liga Istok - 04.11.2017

Беласица со ова убедлива победа се враќа на првата позиција на табелата со вкупно 26 освоени бодови, откако денес Брегалница во Валандово одигра 1:1 со Победа.

Плачковица по овој убедлив пораз, кој им е трет во низа, сега се наоѓаат на шесттата позиција со 15 освоени бодови на табелата.

Во следното коло Беласица гостува во Македонска Каменица, кај екипата на Саса, која е осмо пласираната, додека Плачковица е домаќин на Осогово од Кочани, тим кој што се наоѓа на деветтата позиција со 7 освоени бодови.

Comments are closed.

Capture