Беласица денес ја пречекува Плачковица

Фудбалерите на Беласица денес со почеток од 13:30 часот ќе бидат домаќини на екипата на Плачковица од Радовиш, во рамките на 11. коло од Втората лига Исток.

Беласица е фаворит на овој натпревар, пред се поради тоа што игра во многу подобра форма, и што играат на домашен терен и пред своја публика.

Belasica - Plachkovica 26. kolo Treta liga - ISTOK

Беласица на домашен терен има 4 победи и едно реми, при што постигнале 13 погодоци, а примиле само 3. Од друга страна, гостите од Радовиш на гостински терен имаат забележано само една победа против победа од Валандово (0:2) и четири порази, при што постигнале 5 погодоци а примиле 13.

Беласица со вкупни 23 бода е на второто место на табелата, додека Плачковица со 15 се наоѓа на петтата позиција.

Натпреварот се игра на „Младост“.

Comments are closed.

  vtoro122