Повторно сте гладни? Прочитајте како да го контролирате апетитот

Сигурно сте размислувале кој е вистинскиот начин за контролирање и намалување на апетитот? Од една страна постојат различни вештачки производи кои го убиваат апетитот, ама имаат негативни последици за здравјето. Од друга страна, пак, постојат и некои трикови кои на магичен начин ќе го намалат вашето чувство за глад. Во продолжение прочитајте кои се тие:

CE_0413_WomanEatingSalad

  • Измамете го мозокот! Служете ги вашите оброци во помали чинии. Истата количина храна во поголема чинија ќе изгледа малку, а во помала како да е повеќе.
  • Чувајте дома запалена ароматизирана свеќа, или, пак, прскајте со убав парфем. Силните миризби ги оттргнуваат мислите од храната.
  • Јадете во добро осветлена соба. Кога луѓето се хранат во осветлена просторија се свесни за храната која ја внесуваат и чувствуваат дека другите можат да ги видат, па затоа консумираат помалку калории и на тој начин го држат апетитот под контрола.

detox

  • Ограничете го изборот на храна. Колку поголем избор, толку и поголем апетит. Колку повеќе грицки имате во домот, толку повеќе ќе бидете во искушение да ги пробате. Колку и да се обидувате да ги избегнете, вашите мисли постојано ќе бидат насочени таму.
  • Секогаш кога ќе се почувствувате гладни, а сметате дека не треба да јадете, измијте си ги забите. Ментолот од пастата за заби ќе помогне апетитот да ви се намали. Дури и потоа да продолжите да јадете, храната нема да ви биде толку вкусна и брзо ќе прекинете да ја јадете.
  • Пијте многу вода! Мозокот понекогаш ја меша дехидрацијата со глад. Затоа, кога мислите дека сте гладни, напијте се чаша вода. Чувството за глад веднаш ќе исчезне.

Eat-Healthy4

  • Јадете јаболка. Жените кои јадат по две јаболка дневно, губат повеќе телесна тежина, отколку жените кои не јадат јаболка. Тоа е така бидејќи јаболката содржат раситетлни влакна и за нив е потребно повеќе време за џвакање и со тоа му се сигнализира на телото дека е заситено.
  • За ужина јадете јаткасти плодови како ореви, бадеми или ф`стаци кои содржат многу протеини и растителни влакна и ќе ви го намалат чувството на глад помеѓу оброците.
  • Заситете се со салата. Луѓето кои јадат салата за време на оброкот, внесуваат помалку калории. Нискокалорични зеленчуци кои се препорачуваат за намалување на апетитот се: марула, морков, домат, целер, краставица, брокули.
  • Консумирајте супа. Доколку јадете супа пред главниот оброк ќе ви се намали чувството дека сте гладни, па побрзо ќе завршите со јадењето. Тоа е така бидејќи супата е составена од вода, која што го полни вашиот стомак.

girl-on-run-drinking-water-fitness

  • Спијте доволно! Недостатокот на сон го нарушува балансот на хормоните грелин (кој го зголемува апетитот) и лептин (кој го намалуваат апетитот). Кога не спиеме доволно, нивото на грелин се зголемува, а на лептин се намалува и затоа се храниме неконтролирано. Затоа овозможете му на вашето тело 7 часа сон секоја вечер.
  • Еден од најдобрите начини за контролирање на апетитот е вежбањето. Кога вежбате, вие се преокупирани со тоа и не размислувате за јадење. За намалување на апетитот, најдобри се аеробик вежбите.

body-fit-girl-healthy-Favim.com-2157153 healthy_skin_healthy_lifestyle tumblr_mwj76oCibG1secoq0o1_500

Comments are closed.

  vtoro122