Заедничка седница на владите на Заев и Борисов во Струмица

Владите на Република Бугарија и Република Македонија ќе одржат заедничка седница на 23 ноември во Струмица.

CaptureНа седницата ќе се разгледуваат теми од заеднички интерес и во фокусот на разговорите ќе бидe напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји, објави владината прес-служба на Бугарија.

Средбата на двете Влади ќе заврши со положување цвеќе на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Договорот за добрососедство и соработка беше потпишан за време на официјалната посета на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во Скопје, на почетокот на август.

Comments are closed.

  vtoro122