Крсте Панев е избран за претседател на Советот на општина Василево

Крсте Панев е избран за претседател на Советот на општина Василево на првата, конститутивна, седница, одржана вчера во просториите на Домот на културата во Василево.5

„Ми претставува особена чест што токму јас ја имам можноста во наредниот четиригодишен период да го водам Советот на општина Василево. Се надевам дека соработката со сите општински установи,  градоначалникот на општина Василево и другите локални чинитили ќе биде на завидно ниво што е и предуслов за дефинирање на квалитетни решенија во сите општествени области. Ги повикувам сите општествени чинители активно да се вклучат во решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните преку поднесување на предлози и идеи преку нас советниците бидејќи ние сме тие избрани од граѓаните да ги претставуваме нивните интереси. Се надевам дека општина Василево ќе биде општина со која сите ние че се гордееме“,   рече Крсте Панев по официјалниот избор за прв човек на Советот на општина Василево.4-1024x681

На изборот на Панев за претседател на општинскиот совет, му претходеше формирање на верификациона комисија, верификација на мандатите на членовите на општинскиот совет и давање свечена изјава.

До неговиот избор за претседател, со седницата претседаваше претседател од претходниот совет, Драги Митев.

На седницата присуствуваше и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој на новоизбраните советници честитајќи им го изборот им посака  успешна и плодна работа. „Како новоизбран градоначалник на општина Василево очекувам одлична соработка со претседателот на Советот и сите нови советници. Како  поранешен член на Советот на општина Василево подготвен сум да ги пренесам сите мои стекнати искуства на сегашните советници. Апелирам до советниците и од позицијата и од опозицијата заеднички да работиме за интересите на граѓаните на општина Василево за да овозможиме брз прогрес на општината на сите можни полиња. Во исто време сакам да  им  го честитам мандатот на новоизбраните советници и да им посакам успешна и плодна работа“ , изјави градоначалникот Јанев.1-1024x681

На Седницата беше формирана Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања со следниот состав: Крсте Панев – претседател и членови: Блаже Коцев, Наташа Велкова, Сања Стојанова и Сања Христова. Донесена беше и одлука за овластување на градоначалникот и членовите на советот за склучување на бракови.

Comments are closed.

  vtoro122