Градоначалникот Јаневски оствари средба со постојаниот координатор на ОН Луиза Винтон

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон. На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти, но и за проектите кои се планирани да се реализираат во рамките на соработката меѓу општина Струмица и УНДП во наредниот период.

 2 (1)

Постојаниот претставник на УНДП, Винтон, рече дека е задоволство да се соработува со општина Струмица која има одлични практики, кои тие сакаат да ги пренесат во соработката и со другите општини во Македонија. Изрази задоволство и од реализацијата на тековните проекти и ја потенцираше желбата за продлабочување на соработката во наредниот период во повеќе области.

 1 (1)

Градоначалникот Јаневски рече дека општина Струмица ќе продолжи да биде силен партнер во соработката со УНДП ставајќи го на располагање целокупното досегашно позитивно искуство и капацитетот на општинската администрација и  несебично ќе ги поддржува сите проекти кои се во интерес на граѓаните.

Во рамките на соработката меѓу општина Струмица и УНДП, се реализирале и реализираат повеќе проекти. Најголемиот кој што е во тек е „Реставрација на сливот на реката Струмица“ со кој значително ќе се подобри заштитата на животната средина, во тек е доделување на грантови на фармерите за подобрување на земјоделските практики за одгледување на овошје и зеленчук, 30 веќе добија, а втората група ќе биде избрана наскоро, а се имплементираат и други проекти од повеќе области. На денешната средба беше најавено дека општина Струмица ќе биде вклучена во имплементирањето на уште неколку проекти, меѓу кои, зајакнување на општинските совети и зајакнување на Општината и невладиниот сектор.

Comments are closed.

  vtoro122