Беласица на домашен терен против Плачковица

Екипата на Беласица е домаќин на големиот ривал Плачковица од Радовиш, во натпревар од 11. коло од Втората лига Исток.

Во овој натпревар Беласица влегува како фаворит, поради подобрата форма, и поради фактот што Плачковица минува низ кризен период.

Belasica - Plachkovica 26. kolo Treta liga - ISTOK

Беласица на домашен терен е непобедлива оваа сезона, од 5 одиграни натпревари на „Младост“, екипата на Беласица има 4 победи и едно реми, при што постигнале 13 подогоци, а примиле само 3.

Плачковица на гостински терен е во лоша форма, односно од 5 одиграни натпревари, имаат една победа и дури четири порази, при што фудбалерите на радовишкиот клуб, постигнале 5, а примиле 11 погодоци.

Беласица е на втората позиција на табелата со 23 освоени бодови, додека Плачковица е петта со 15 бодови.

Натпреварот се игра со почеток од 13:30 часот.

Comments are closed.

popup11