Академија Пандев на Младост против Победа

Екипата на Академија Пандев во 14. коло ќе биде домаќин на Победа од Прилеп во натпревар од Првата македонска фудбалска лига.

Пандевци како второпласирани со 21 бод и фактот што играа на домашен терен и пред своја публика, се фаворити за победа во однос на прилепска Победа.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017

Пандевци на „Младост“ се непобедливи, а тоа се потврдува со фактот што немаат пораз на домашен терен, и имаат постигнато 10 погодоци, а примено само 2, со што на домашен терен ја имаа најдобрата одбрана.

Победа на гостински терен е многу слаба, односно од 6 одиграни натпревари на гостински терен, прилепскиот клуб нема забележано победа, само две ремиа и дури четири порази, при што постигнали четири, а примиле дури 11 погодоци.

Во досегашниот тек од сезоната, Академија Пандев е на втората позиција со 21 бод, додека Победа е деветта на табелата со 12 освоени бодови.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 13:30 часот.

Comments are closed.

  vtoro122