Откажете ги цигарите со помош на кари

Секојдневната консумација на кари го зајакнува имунолошкиот систем.

domasno-kari

Едно ново истражување покажало дека некои зачини можат да ги намалат негативните ефекти кои никотинот ги има врз човечкиот организам.

Новата студија покажува дека зачинот – кари благодарение на ретки и ефективни состојки кои ги содржи ги тера пушачите да ги намалат цигарите, а на тој начин се намалува ризикот од појава на рак .

Карито може да дејствува како силен антиботик, моќен антиоксидант и силно антиинфламаторно средство .

naslovna

Според експертите карито може да го спречи размножувањето на клетките на ракот, дури и ако човек продолжува да пуши.
[sociallocker]
Овој вкусен зачин е карактеристичен за миризливата индиска кујна, а некои сметаат пак дека карито е британска зачин.

Во зависност од тоа дали ќе се приготвува месо, пилешко, риба или зеленчук, се прави соодветната мешавина, без да доминира некој од мирисите и сето тоа го прави карито специјален додаток.

Студија на Универзитетот во Орегон, САД, покажала дека секојдневната консумација на кари го зајакнува имунолошкиот систем.

da

Истражување направено од британските научници покажало дека одредена состојка која ја има во карито помага при сеансите на хемотерапија, уништувајќи ги канцерогените клетки кои не умираат при терапијата.

Според шведски научници ако јадете кари барем еднаш до двапати пати неделно, можете да се заштитите од Алцхајмерова болест.

Студии во Ирска и Полска, пак, покажуваат дека куркуминот кој се содржи во карито ги убива клетките на ракот во хранопроводот и желудникот и тоа во рамките на едно деноноќие.

Еден од најпопуларните начини за подготовка на индиско кари е преку мешањето на коријандер, чили, ким, сол, оризово брашно, цимет , ливчиња кари , тамаринд и куркума, која ја дава познатата жолта боја на карито.
[/sociallocker]

Comments are closed.

  vtoro122