Клуб Платинум прослави една декада постоење!

Најдоброто место за ноќни забави во Струмица, клуб Платинум, синоќа го прослави својот 10-ти роденден. Клубот беше претесен да ги собере сите гости кои сакаа да се забавуваат синоќа и да присуствуваат на роденденската журка на клуб Платинум.

Низ годините, клуб Платинум беше домаќин на многу познати македонски и странски музички изведувачи и диџеи, а забавите кои поминаа, се само дел од историјата што Струмица ја испишува како идеално место за ноќна забава.

Никола Тунев, или познат на струмичани како Шумац е главниот менаџер на клуб Платинум кој уште од самиот почеток е со клуб Платинум, и како што вели, горд е на брендот кој го создадоа.

Погледнете дел од синоќешната атмосфера…6 11 27 37 38 39 40 43 49 55 56 61 66 68 71 83 89 96 99 114 115 120 125 126 137 138 143 150 151 160

 

Comments are closed.

  vtoro122