Струмица беше домаќин на светското одбележување на Неделата на италијанскиот јазик и култура

„Општина Струмица и амбасадата на Италија се пример за соработка меѓу Општина и Амбасада, кои со години го негуваат пријателството, ја продлабочуваат соработката на сите полиња и ги ползуваат придобивките од неа“, рече градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, на светското одбележување на Неделата на италијанскиот јазик и култура. Одбележувањето се одржа во центарот за култура „Антон Панов“, а присуствуваа амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео, амбасадорот на Шпанија, Емилио Лоренсо, италијанскиот конзул, Стојан Витанов, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот, како и поголем број љубители на италијанската култура.

22813999_1443923838994375_481490753458109642_n-Струмица и оваа година е град домаќин на светското одбележување на Неделата на Италијанскиот јазик и култура. Манифестација која што годинава се одржува по 17 ти пат на тема „Италијанскиот јазик на големиот екран и во кинематографијата“, со цел продлабочување на одличната и долгогодишна соработка. Како и зацврстување на културните врски меѓу општина Струмица и Амбасадата на Република Италија во Македонија. Општина Струмица и годинава ги подржува сите културни настани посветени на промоцијата и ширењето на италијанскиот јазик и култура, а особено на соодносот помеѓу италијанскиот јазик и светот на филмот. Општина Струмица и амбасадата на Италија се пример за соработка меѓу Општина и Амбасада, кои со години го негуваат пријателството, ја продлабочуваат соработката на сите полиња и ги ползуваат придобивките од неа. Се поттикнуваат економските потенцијални можности за инвестиции во Струмица, евроинтеграциите на нашата земја и нејзината европска перспектива, а интересот за изучување на италијанскиот јазик во основните училишта станува се поголем. Оваа година фокусот на Неделата на Италијанскиот јазик и култура е ставен на италијанскиот филм, кинематографија и италијанските актери. Многумина кога ќе се спомне италијанската кинематографија, веднаш помислуваат на Фелини, Пазолини, Софија Лорен, Марчело Мастројани, Роберто Бенини, Тото`…Сепак и денешната италијанска кинематографија под режисерската палка на Сорентино, Плачидо, Морети е особено интересна. Да уживаме заедно во магијата на италијанскиот филм, да уживаме заедно давајќи поддршка на денешнава манифестација и за момент нашиот град да ја почувствува убавината на Софија Лорен, хуморот на Бенини. Овде не е крајот. Нема крај, кажа Фелини, нема ниту почеток, постои единствено бескрајна страст за животот, рече Јаневски во обраќањето пред присутните.22853407_1443924062327686_241554786880877822_n 22885865_1443923835661042_790593306291557995_n

Comments are closed.

  vtoro122