Притворено лицето кое повеќе пати извршило “силување во обид` во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  А.М  (21) од с.Калуѓерица, Радовиш, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил 3 /три/кривични дела “силување во обид“по чл. 186 во врска со член 19 од КЗМ.policija-soobrakajka-630x32021

 Имено, по пријавените кривично – правни настани на подрачјето на Струмица, каде од страна на непознат  сторител во ноќните часови се вршат кривични дела “силување во обид“, СВР-Струмица ги превзеде сите неопходни мерки  со цел идентификување и фаќање на сторителот.

            Според документираните сознанија од истрагата сторителот во периодот од февруари годинава до крајот на овој месец, на повеќе локации во Струмица, поточно на улиците „Максим Горки“ „Маршал Тито“ “Киро Абрашев“ „Ката Поцкова“ „Браќа Миладинови“ и „Јанко Цветинов“, најчесто во временскиот период од 19,00 до 23,00 часот, извршил повеќе кривични дела  „Силување во обид“ на начин што им приоѓал од задната страна на млади женски лица  по што  со едната рака ги фаќал за уста а со другата ги фаќал  за гениталиите  и градите, а по   брзата реакција и барање помош од  нападнатите веднаш се давал во бегство.

            На 26–ти овој месец,  околу 19,00 часот на ул. „Митo Хаџивасилев  Јасмин“ во Струмица,  во моментот на извршување на  кривичното дело А.М е фатен на лице место  од страна на полициски службеник, по што  веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР-Струмица.

            На  предлог на Јавниот обвинител од Струмица од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му  е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Comments are closed.

  vtoro122