Градоначалникот Јаневски оствари средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, се сретна со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу општина Струмица и амбасадата на Италија. DSC_0913Амбасадорот Ромео рече дека Струмица за нив е многу важен град и со посебно задоволство доаѓа тука, изрази задоволството од досегашната соработка, но и ја нагласи неговата лична и заложбата на амбасадата за продлабочување на соработката на сите полиња. Градоначалникот Јаневски се заблагодари што ја има можноста да продолжи една втемелена традиција на пријателство и соработка и ја потенцираше неговата подготвеност соработката да продолжи со уште поголем интензитет.
На средбата присуствуваа и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и претседателот на Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“ од Струмица и италијански конзул, Стојан Витанов.DSC_0916 DSC_0930

Comments are closed.

popup11