Првиот ,,Дијамант” се падна во струмичко

Името на Ѓурѓа Ѓорѓиева им е добро познато на вработените во Државната лотарија на Македонија, бидејќи таа е добитник на Голф 7, парична премија од еден милион денари, како и повеќе „средни“ кои варираат меѓу една илјада и три илјади евра.Dobitnik-Dijamant-gurgja

Овој пат, таа го најде првиот „Дијамант“ во новата игра на среќа која што беше лансирана овој месец и освои 150.000 денари. Лозот го купила на среќното место во струмичкото Ново Село, на првиот ден откако лозот Дијамант пристигнал на продажното место. Водејќи се од сопственото убедување за среќа во инстант лотаријата таа секој ден купува лозови, но исто така игра и Лото, иако во таа игра се уште нема голема добивка.

Добтиничка која најчесто ја посетува благајната на Државна лотарија на Македонија им порачува на сите да веруваат во својата среќа и да не пропуштаат ситните пари да ги вложат во можности за добивки.

 

Comments are closed.

Capture