Градоначалникот Јаневски се сретна со шеикот од Катар Јасим Бин Хамад Ал Тани

Делегација од Катар предводена од шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани се сретна со градоначалниот на општина Струмица, Коста Јаневски.1 (3) На средбата во кабинетот на градоначалникот, на која присуствуваа и раководители на одредени сектори во Општината, беа презентирани потенцијалите и можностите со кои што располага Струмица за можни инвестиции, особено, во областа на земјоделството. На средбата се разгледуваа и можностите за соработка со извозно ориентираните претпријатија во општина Струмица. Градоначалникот Јаневски им се заблагодари на гостите од Катар за посетата и интересот за инвестирање во Струмица, а шеикот Ал Тани се заблагодари за  гостопримливоста на домаќините и отворените можности за соработка.3 (2) 2 (2)

Comments are closed.

popup11