Академија Пандев ја победи Шкендија

Фудбалерите на Академија Пандев денес во Струмица ја победија Шкендија со 3:2 во натпревар од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пандевци први дојдоа до водство откако Балдовалиев до 24. минута од натпреварот, постигна погодок за водство на домаќините.

Во вториот дел од натпреварот, домаќините преку Марков во 52. минута зголемија на 2:0. Оваа радост траеше само 1 минута, бидејќи гостите преку Радески се вратија на негатива од еден погодок.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Ибраими во 71. минута беше прецизен за 2:2.

Конечните 3:2 во 90. минута од натпреварот ги постиви Чешмиџиев со што Пандевци дојдоа до постакувате 3 бода и се искачија на втората позиција на табелата.

За струмичкиот клуб оваа е шеста сезонска победа, и со 21 освоен бод имаат негатива од 7 бодови во однос на лидерот на табелата Шкендија.

Во следното коло Академија Пандев гостува кај Ренова, додека Шкендија патува кај Победа.

 

Comments are closed.

  vtoro122