“Штеди вода, кажи ни како“ заврши со ескурзија на најдобрите класови во прекрасното Пехчево

Вгнездена како во кошничка , на крајниот исток од  Мекедонија пулсира малата живописна Општина Пехчево.На само 4 километри оддалеченост , во месноста света Петка , кај населението позната како Манастир, се наоѓа архелошкиот локалитет со истото име.Легендата зборува дека се работи за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во соседните Берово и Царево село, денешно Делчево.  DSD_5005Се верува  и дека во близина на Пехчево се наоѓаат темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што светите браќа Кирил и Методија ја создале глаголица, најстрото словенско писмо.Сепак она што оваа мала планинска Општина ја прави голема во очите на секој посетител е имагинарнта убавина и прикриените страсти, парче земја полно со контрасти. Во исто време питомо и диво, сончево и олујно, секогаш мистично , природно,  неодоливо.
Истражувањето на волшебните убавини, спојот на природата и традицијата се предизвици на кои ретко кој може да им се одолее.DSD_5034

Во непосредна близина на првите Пехчевски водопади во идиличен амбиент е распослана туристичката населба Равна река. Со непосредната детска игра и вниманието од своите одделенски наставнички, дечињата кои ги напишаа најдобрите статуси во прокет кампањата “Штеди вода, кажи ни како“ ги осознаа убавините на прекрасната Малешевија. ЈПКД Комуналец ќе продолжи со ваквите кампањи, каде со мотивирање на младите се креираат навики и манири за користење на општите добра и природата.DSD_5104 DSD_5120 DSD_5151

Comments are closed.

popup11