Имајте повеќе независни компјутера со 1 куќиште!

Повеќето од вас можеби  сте запознаени со можностата на 1 куќиште и искористување на неговите перформанси до максимум, како и во училиштата кај нас, на 1 куќиште се врзуваат повеќе монитори, глувци и тастатури со цел да се достигне максимална искористеност на една конфигурација.

Еве како ова е возможно во домашни услови.
Следново напишано ќе има за цел да поврзи 2 независни десктопи на 1 куќиште (Може да се користи и 1 графичка со различни видови излези [VGA, HDMI и др.])

За се ова да работи НЕ ви е потребно

  • NComputing софтвер, специјални свичови, терминали и се друго што навидум се користи во училиштата.

 

Ова работи на

  • Windows XP 32b & 64b -
  • Убунту (преку Wine) -
  • Windows 7 32b & 64b –

Што ви е потребно?

  • 1 куќиште со одлична конфигурација, минимум 4гб раб, минимум двојадрен процесор и доволно е по 1гб графички

Задолжително во вашата конфигурација да има

  • 2 графички картички т.е. една онбоард друга експрес
  • Повеќе УСБ порти – минимум 4
  • 2 монитори, 2 тастатури & 2 глувчиња
  • Специјален софтвер за кој ќе биде објаснето понатаму

Што да правам?
Поврзувањето е најлесниот дел од ова.
Поврзете ги 2-та минитори, едниот на онбоард, другиот на додадената графичка, и поврзете ги останатите влезни уреди т.е. глувчињата и тастатурите, не е битно дали тие се УСБ или со ПС2 интерфејс.
После поврзувањето вклучете го компјутерот, сеуште нема да ви работи како 2 независни компјутери,.

Софтвер?
Да, софтверот е клучниот дел од ова, за да ви проработи.
Софтверот се нарекува Aster Multi User кој што не е бесплатен и со секоја инсталација имате 15 дена тест период.

Како изгледа подесувањето на софтверот?
Софтверот автоматски ви ги дава сите достапни влезни уреди, и вие едноставно што треба да направите е да го смените полето Place што означува кој десктоп ќе го користи тој влезен уред. Избирате 1 и 2 за посебни монитори, ставате една тастатура и едно глувче со Place 1, исто така и со Place 2, кликате Apply, рестарт и имате сосема независни 2 десктопа, кои работат независно еден од друг.

Единствено заедничко кај овие десктопи е тоа што користат

  • 1 куќиште на кое се поврзани
  • 1 хардиск за зачувување на податоците

Еве сликовито како изгледа подесувањето на софтверот во Windows 7.

2j5ktxd 28b730h 34ip89t dpttoj sxeiy1

автор: Fatal Error – it.com.mk

Comments are closed.

  vtoro122