Запознајте ја старата струмичка кујна – МУСАКА СО МОДРИ ПАТЛИЏАНИ

Во дамнешни времиња и оваа тава се сметала за едно од најубавите. Се носела на фурна за да биде мајсторски испечена.

Мусаката со модри патлиџани некои ја прават мешана, половина тава со компири, половина со црни патлиџани.

2012-11-11_19-03-46_1400_1050

Убава е секако, но еве еден од постарите начини.

 Потребни се неколку патлиџани, неколку домати, мешано мелено месо, кромид, морков,пиперка, магданос,зачини…

 1.Модрите патлиџани исечете ги по должина, но може и на кругчиња, посолете ги и оставете ги да им излезе црната вода

2.Потоа испржете ги со малку брашно, но и не мора со брашно

2012-11-10_16-36-48_1400_1050

3.Додека се пржат патлиџаните, подгответе кромид, пиперка, мелено месо, морков,зачини…

4.Испржете го прво кромидот, морковот, пиперката, додадете го меленото мешано месо и на крај малку рендани домати, зачини по вкус, магданос, црн пипер, црвен пипер, сушен зеленчук. По желба може и лута пиперка

2012-11-10_16-51-03_1400_1050

5.Подгответе домати на кругчиња

6.Сега во длабока земјана тава наредете од пржените патлиџани, врз нив ставете дел од месото, врз месото домати….Потоа повторно патлиџани и сé така по ред, до горе…

2012-11-11_19-03-27_1400_1050

7.Најодозгора мусаката нека заврши со домати

Кога модрите патлиџани се пржени и кога се става повеќе зејтин, мусаката ќе биде погодена и со старински вкус.

Секако можете да користете неиспржени патлиџани и помалку зејтин…

Добар апетит!

Весна Рохр

Comments are closed.

  vtoro122